Полицијата вечерва го донесе Бојан Јовановски во Кривичниот суд Скопје каде пред истражен судија ќе дава исказ за случајот по пријавата на ОЈО по што судија на претходна постапка ќе одлучи дали за него ќе има притвор или не.

Боки 13 попладнево беше уапсен на еден од граничните премини во државата на барање на Обвинителството за организиран криминал.

Приведен и е бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец кој попладнево беше спроведен во кривичниот суд на распит.

Двајцата се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари.