Уапсен е Бојан Јовановски, познат како Боки 13 сопственик на 1ТВ, неофицијално дознава Пресингтв, од извори во Обвинителството.

Според информациите до кои дојде Пресинг, приведен е на граница.

Ова следува по низата објави во медиумите дека наводно рекетирал компании.

Приведен е во еден скопски ресторан  и бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец. Тој е близок со поранешениот директор на УБК Сашо Мијалков.

Во текот на денот се очекуваат повеќе детали од Обвинителството.