Бојан Јовановски е позитивен на Ковид-19 дознава „Република“. Тој пред неколку дена се пожалил на нарушена здравствена состојба и веднаш му бил направен тест кој излегол позитивен.
Покрај Јовановски, позитивен е и неговиот цимер. Заради специфичната ситуација и двајцата се ставени во изолација.
Веста дека Боки е позитивен ни ја потврди и неговиот адвокат Сашо Дукоски. Тој вели дека неговиот штитеник и онака е во лоша состојба и оти ова дополнително ќе влијае на неговото нарушено здравје. Не знае како Јовановски фатил корона и тоа најверојатно се случило со мешање со останатите затвореници.
Јовановски од минатиот месец е на издржување на затворката казна во затворот „Идризово“ откако Апелација jа потврди пресудата за случајот „Рекет“.
Comments are closed for this post.