Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски е вратен во притворското одделние во затворот во Шутка,потврди директорот Есад Рахиќ.
Како што претходно информираа од ГОБ „8-ми Септември“, Јовановски беше сместен во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба. Тој е во добра општа состојба и здраствена кондиција, и во болница ќе остане се додека не се комплетираат резултатите од спроведените испитувања, а најдоцна во понеделник, соопштија во петокот од ГОБ 8-ми Септември.
Дали ќе остане и натаму во притвор, денеска треба да одлучи Апелацискиот суд. Неговиот адвокат Сашо Дуковски бара да биде пуштен од затвор заради неговата здравствена состојба.
Останатите двајца обвинети за „Рекет“, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец се во домашен притвор
Comments are closed for this post.