Независниот пратеник Павле Богоевски,  ги повика денеска колегите од ВМРО-ДПМНЕ како што рече да се одважат и да ги поддржат уставните амандмани со што ќе ја обезбедат евроатланската иднина на државата.

Ние во минатото сме имале најразлични мислења и полемики, сме имале различни дебати и расправи, но секогаш сме имале обединет и заеднички став по ова важно, значајно и историско прашање. Сега е приликата тоа да го покажеме на дело и заедно да го обезбедиме патот кон ЕУ и НАТО, рече Богоевски.

Со уставните амандмани се потврди дека не се губи ништо, додаде Богоевски и потенцираше оти напротив, се утврдува идентитетот и се обезбедува негова гаранција, сега и во иднина

Се утврдува и неповредливоста на нашите граници и се зацврстува историскиот континуитет на државноста.Како пратеници исправени сме пред сериозна одлука, и да ги поддржат уставните амандмани на оваа пленарна седница во Собранието, порача Богоевски.