Македонската влада го продолжи за една една година безвизниот режим за руски граѓани, пренесува бугарската агенција БТА повикувајќи се на ТАСС.

ТАСС потврда доби и од секретарот за односи со јавноста, Екатерина Акопјан, која изјавила дека рокот за безвизно патување и престој во Македонија е продолжен за една година за сите граѓани на Русија.

Моментно на сите руски граѓани им е дозволено да престојуваат на територијата на Северна Македонија без виза не повеќе од 90 дена на секои шест месеци од првото влегување во државата.

„Русите, кои патуваат во Северна Македонија, неопходно е да имаат пасош и осигурување“, пишува БТА.