Без електрична енергија денеска  од 09:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Пандил Шишков“ бр. 8. во Општина Аеродром.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 09:00 до 14:00 часот ќе останат и корисниците од дел од село Глуво во Општина Чучер Сандево.

Од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од дел од село Кондово, во општина Сарај.

Без струја од 10:30 до 13:00 часот ќе бидат и корисниците од улица 1596, улица „Кузман Шапкарев“ и дел од улица „Ѓорче Петров“ во околината на Болница – Свети Лазар, во Општина Ѓорче Петров.