Поддршката за угостителите кои организираат свадбени веселби ќе продолжи, но за Владата е неприфатливо да донесе спротивни одлуки од предложените од Комисијата за заразни болести и овие ресторани остануваат затворени, изјавија  министерот за економија Крешник Бектеши и заменик минисгерот за здравство Илир Хасани.

Тој потсети дека останатите угостителски објекти работат до 21 часот и за нив нема рестрикции, но рече дека угостителските објекти за свадби, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, се затворени. Владата ќе ги поддржи дополнително доколку има нови рестрикции”, изјави Бектеши додавајќи.

Заменикот-министерот за здравствто, Илир Хасани рече дека сите барања се разгледуваат интензивно, се следи секоја состојба, но дека во овој момент поради епидемиолошката состојба не може да се отворат свадбарските ресторани, нагласувајќи дека нивното барање за покривање на загубите е регуларно и дека и досега им се компензира.

Протоколи за вакви ресторани, смета заменик министерот, е многу тешко да се спроведат пради самиот чин на свадбите, кој тешко се контролира.

„Владата здравјето го става над сè. Јас не би се чувствувал спокојно доколку сум бил присутен на свадба на која 300 души се гушкале и веселеле. Ќе останам на овој став додека не се подобри епидемиолошката состојба и ќе го почитувам мислењето на Комисијата за заразни болести додека смета дека не треба да се отвораат овие свадбарски ресторани.