Новите протоколи што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од болеста, согласно одлуките на Владата на Република Македонија, се дополнети и ажурирани со последните усвоени измени и дополнувања со кои се регулираат повеќе области.

Во делот на угостителските објекти ова се протоколите коа ќе мора да се почитуваат: Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце. Се ограничува бројот на гости, ќе се послужуваат само гости кои може да седат и лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси. Задолжително менаџирање на влегување на гостите. Одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект. Во просторот за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци. Максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржува-ње на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна. Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое де-лува поред упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алко-хол за дезинфекција на горни површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хар-тиени бришачи за раце за еднократна употреба. Забрането организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.) во отворен и зат-ворен дел од објектот. Забрането е организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи). Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели.

Останатите ажурирани протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување и спречување на ширење на болеста можат да се најдат на ОВОЈ ЛИНК.