Реакција на регулаторното тело од областа на медиумите

АВМУ: Владата против препораките на Советот на Европа

10.04.2019 / 12:24


Владата ги надмина своите надлежности и постапи спротивно на насоките од извештаите на Европската комисија за напредокот на РСМ и на препораките на Советот на Европа, за гарантирање на незвисноста на регулаторните тела во областа на медиумите.

Ова е реакцијата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ)  по одлуката на Владата од последната седница да даде негативно мислење за Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудивизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година и да побара нејзино ревидирање. Образложението на Владата е дека стратегијата не е усогласена со „другите стратешки документи за развој на оваа област“.

Во клучната препорака на Советот на Европа за независноста и функционирањето на регулаторните тела, јасно и недвосмислено се истакнува дека јавните власти не смеат да влијаат на независноста на медиумските регулатори. Основната цел на овие препораки е да се спречат токму ваквите упади на извршната власт во работењето на регулаторите, реагираат од АВМУ.

Од Агенцијата појаснуваат дека Регулаторната стратегија била доставена до Владата, до Собранието и до МИОА не за усвојување, туку за да ги информира за тековните состојби во медиумската сфера, како и за активностите што таа ќе ги преземе во следните пет години, во насока на подобрување на одредени аспекти во сферата на медиумите.

Оваа стратегија не е неусогласена со, како што наведува Владата, „другите стратешки документи за развој на оваа област“, имајќи предвид дека такви документи не постојат. Агенцијата, за да изработи издржана и квалитетна стратегија, во нејзиното изготвување ги вклучи пошироката експертска јавност, новинарските здруженија, граѓанските организации од сферата на медиумите, преку учество во бројните одржани состаноци и јавни расправи, посочуваат од АВМУ.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Шекеринска ќе му отпее и на НАТО (ВИДЕО)

пред 3 часа
Интервју со политичкиот аналитичар

Фаризи: Во светот има големи кризи, но премиерот Мицкоски се однесува мудро

пред 2 дена
Македонија

Како Ленче не беше разочарана кога зема 72.000 бонус од СЈО?

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски по повод Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови туку и на одлуки, нашата визија започнува со образование кое ќе биде достапно за секое ромско дете

пред 2 дена
Македонија

„5 минути со Чавез“: Од Чарлиевите, остана уште „ангелот“ Фатиме

пред 3 дена
Македонија

Во Вашингтон денеска Стратешки дијалог Македонија – САД

пред 4 дена
Македонија

Со оваа технологија пилешкото месо може да стои 20 дена

пред 4 дена
Македонија

Каква врска имаат американски знамиња со протест за правосуден испит?

пред 4 дена
Македонија

Николоски: Проектот „Градски воз“ напредува одлично, до јуни ќе биде завршена правата линија, а од 1 септември пуштена во сообраќај

пред 5 дена
Македонија

Мицкоски: СДСМ е жестоко вклучена и делува како општинска организација на некоја од партиите кои се борат на изборите кај нашиот источен сосед

пред 6 дена
jojobet girişhacklinkvaycasinomarsbahiscasibomjojobet girişholiganbetcasibomJojobet Giriş