Патничко моторно возило „Ауди А4“, со штипски регистерски таблици, управувано од 51-годишниот штипјанец Т.Н.  удрило во пешакот, 18-годишната А.Ј. од село Соколарци, при што таа добила тешки телесни повреди.

Поради повредите, девојката со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип, а од полицијата известуваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.