СДСМ откако е на власт нема реализирано ниту еден единствен проект. Единствениот и најголем проект им е проектот: Задолжување на граѓаните на Република Македонија, рече на денешната прес-конференција, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потенцираше дека во моментов Република Македонија е презадолжена држава и граѓаните тонат во долгови.

Откако СДСМ е на власт, а тоа е од 2017 година, долгот пораснал од 4,787 милијарди евра на 5,144 милијарди, односно за година ипол долгот пораснал за 357.000.000 евра. Од 357 милиони евра нема ниту еден проект реализирано кој што може да се види, истакна Арсовски.

Тој праша каде каде одат сите тие пари, односно каде отишле 357 милиони евра?

Според Арсовски, вкупниот јавен долг заклучно со завршетокот на третиот квартал за 2018 година изнесува 5,144 милијарди евра, што е 48.2% од БДП. Од истиот на надворешен јавен долг отпаѓаат 3,512 милијарди, додека на внатрешен јавен долг отпаѓаат 1,632 милијарди.

Со тоа е надмината психолошката граница  од 5 милијарди евра и веќе државата се движи кон 50% долг. Не само што се движи долгот кон 50%, туку и со ревидираната фискална стратегија за 2019-2021 година од Министерството за финансии на Тевдовски јавниот долг во 2020 се очекува да достигне 54.5% од БДП.

Покачување на јавниот долг за 6 и 7% во наредниве 2 години е поразително за Република Македонија, ако се земе предвид дека економијата во Република Македонија е крахирана и исто така ако се земе предвид дека нема никаква реализација на проект. Нема реализирано никаков проект. Реализацијата на капиталните инвестиции е само 1/3 до сега, што е уште потрагично за нашата економија. Послаба и поочајна економска политика и кадровски капацитет кој ја води државава во моментот на економски план сме немале. Очигледно е дека оваа влада нема капацитет и е неспособна да ја води државата. Што побрзо си замине оваа власт толку подобро за граѓаните, рече Арсовски.