Мила Царовска молчи за скандалот со нејзиниот невенчан сопруг, oбвинија денеска од ВМРО ДПМНЕ.

Невенчаниот сопруг на Мила Царовска само три дена од вториот круг на претседателските избори, односно на 8 мај од Град Скопје и Петре Шилегов добил тендер вреден 967.600 денари за изнајмување на опрема за висинско набљудување. Невенчаниот сопруг на Мила Царовска освен тендерите за летање дронови доби и набавки во 4 очи во вкупен износ од 1,5 милиони денари, вели Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ.

Останува да видиме како ќе се развиваат настаните и дали можеби и понатака ќе продолжи единствената фирма која лета дронови во државава да биде токму фирмата на невенчаниот сопруг на Мила Царовска, Горан Георгиевски односно ФЛАЈ КЕМ. вели Арсовски.