Лидерот на Левица познат по продавањето социјлани политики дека македонските граѓани едвај преживуваат покажа на дело дека не треба да се гледа што говори туку што прави.

Истиот тој Димитар Апасиев утрово на аеродромот во Скопје е забележан како се чекира  за лет за Египет. Димче и сопругата работничките права ќе ги бараат во Хургада, лукзузно одмаралиште каде одат оние со подлабог џеб и каде сѐ е на база „ол инклузив“.

За оваа понуда нема аранжман помал од 600 евра па семејството Апасиев ќе потроши најмалку пет просечни македонски плати за седумдневен аранжман. Или една пратеничка.

Значи на Димче му останува само да ужива и да ги смислува идните говори како оној по кој се прослави дека „поради економските политика на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и „структурните реформи“ поддржани од колективниот запад, 2/3 од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор надвор од местото на живеење“.