Според препораките на Греко владата во рок од 30 дена треба да одреди личност кој ќе има улога на советник за интегритет етика морал и судир на интереси, при настапот на премиерот и министрите во владата.

Меѓу првите што треба да ја поминат обуката која ќе организира Антикорупциската комисија треба да се најде името на Генералниот секретар Рашковски.

Ова беше речено на брифингот со новинарите на кој беа разгледани повеќе актуелни прашања и теми но и посебен акцент беше ставен на судирот на интереси како основа за појава на корупција во општеството.

Антикорупционерите  му порачаа на Заев што побргу да избере министер за финансии зошто неговото раководење не може да биде на подолг рок, дотолку повеќе што законот е јасен и вели дека во отстуство на министер за финанции функцијата ја извршува заменик.