Во случај кога Претседателот на Владата на Република Северна Македонија би се избрал за министер за финансии, Антикорупциската комисија ќе биде принудена да преземе конкретни мерки согласно нејзините надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Ова стои во штотуку објавеното соопштение на Антикорупциската комисија, што го пренесуваме во целост:
Државната комисија за спречување корупција во врска со предлогот за избор на членови на Владата на Република Северна Македонија доставен до Собранието на Република Северна Македонија, со кој претседателот на Владата на Република Северна Македонија е предложен за министер, кој ќе раководи со Министерството за финансии, смета за потребно да укаже на следното:
Согласно чл. 72 став 1 од Законот за спречување корупција и судирот на интереси: „службеното лице во своето работење е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да преземе мерки за негово одбегнување“.
Согласно чл.44 став 1 и 2 од истиот Закон, „избраното или именуваното лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функцијата која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“ и „функцијата Претседател на Републиката, Претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на Совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции, кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата или органите на локалната самоуправа, се неспојливи една со друга.“
Имено, во случај кога Претседателот на Владата на Република Северна Македонија би се избрал за министер за финансии, ќе настане повреда на горецитираните одредби при што, Државната комисија ќе биде принудена да преземе конкретни мерки со гласно нејзините надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Comments are closed for this post.