Високи 53% од граѓаните се незадоволни од работата на Владата за тоа како се справува со актуелната состојба во земјата, покажуваат резултатите на „Социетас Цивилис“.
Имено, на прашањето „Дали Владата прави доволно за да ја адресира состојбата со здравството, економијата и образованието?“, високи 53% од анкетираните одговориле негативно, додека 34% одговориле позитивно, а 8% се изјасниле со „не знам“ или немале одговор.
Вакви се резултатите од анкетата која ја објави Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) во рамки на Програмата за парламентарна поддршка.
Прашањата биле дел од теренската анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието, која Институтот за демократија „Социетас цивилис“ ја спроведе во периодот од 17 февруари до 10 март 2021 година на примерок од 1 010 испитаници, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Comments are closed for this post.