Ако утре се гласа за нов парламентарен состав 21,2 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека 19,5 отсто за СДСМ.

Македонците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а Албанците за ДУИ, покажува најновата акнета на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведена во периодот помеѓу 14 и 16 јуни 2019 на 1119 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

За ДУИ би гласале 4,6 отсто од испитаниците, 10 отсто од нив одговориле дека не би гласале за никого. За Алијанса за Албанците би гласале 2,9 отсто, додека за БЕСА 1 отсто.

Целта на истражувањето е да го анализира ефектот од резултатите од претседателските избори врз поддршката на политичките партии.

Од испитаниците Македонци, 27 отсто одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ додека 22 отсто за СДСМ. Од испитаниците Албанци, пак, 9,8 одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 0,8 отсто за ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е третата партија кај Албанците, зад ДУИ и Алтернатива за Албанците.

Од испитаниците Албанци 9,8 одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 0,8 отсто за ВМРО-ДПМНЕ.