Институтот „АКСИОС“ во периодот од 02.10 до 06.10.2021 година спроведе анализа на јавното мислење на стратифициран примерок во секоја општина/Град Скопје во Република Македонија засебно во однос на демографската средина и бројот на жители во општината/градот Скопје. Анкетата е спроведена на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.

Во истражувањето направено од институтот АКСИОС, видливо е зголемување на рејтингот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 1 процент наспроти СДСМ и нивната коалиција.

Исто така, на анкетата извршена на територија на град Скопје зголемена е предноста за 0.9 проценти на независната кандидатка, Данела Арсовска, пред својот против кандидат Петре Шилегов од СДСМ и коалицијата.

За истражувањето на рејтингот на политичките партии поврзано со локалните избори е спроведено на примерок од 1.345 испитаници на територија на цела Република Македонија.

Статистичкта грешка на анкетата е околу 2%.