Додека цела Европа се вакцинира, Филипче и Заев тераат пиар кампањи, склучуваат сомнителни зделки. Од сите градови во Европа вчера сликата беше една – како тече вакцинацијата против корона.  Во земјава, пак, сликата беше следна – се известуваше за бројки на починати, новозаболени, број на тестови, и во меѓувреме се појавува Заев и вели празнувајте одговорно или во превод тоа би значело дека граѓаните се виновни за неспособноста и неорганизираноста на власта.

Ова го истакна Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

За вакцинацијата која ја планираат Филипче и Заев, граѓаните не знаат речиси ништо и се во исчекување на информации.
Поради лошото справување со пандемијата, граѓаните немаат доверба во системот. До Заев и Филипче не допираат апелите на граѓаните и нивната потреба да се променат некои работи во здравството, како би се спасиле животи. Дали здрајето на граѓаните за нив не е приоритет и истовремено го загрозуваат правото на оние граѓани што сакаат да бидат вакцинирани да го остварат тоа право? Јавноста заслужува одговори, истакна таа.

Андоновска прашува: „Дали Филипче и Заев остварија средби со претставници на производители на вакцини“?

Кога ќе стартува вакцинацијата против корона, кој е планот, со каков квалитет ќе бидат вакцините и дали ќе имаат граѓаните избор на вакцини од различни производители, а не Филипче да не убедува дека ќе имаме вакцини за 400 илјади граѓани од КОВАКС механизмот, без притоа јасно да ни објасни кога ќе стигнат и каков е планот за вакцинација? Филипче и Заев уште еднаш докажаа дека се најнеспособните политичари во целиот регион, но и пошироко. За несоодветниот менаџмент на корона кризата, за доцнењето на вакцината, за скоро две илјади и петстотини починати лица, одговорни се единствено Филипче и Владата на Зоран Заев, порача таа.