Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на податоците објавени од американскиот институт „Хелт дата“, кој објави дека во Македонија има двојно повеќе починати од корона вирусот во однос на официјалните бројки објавени од властите.

Во Македонија на 100 илјади жители од корона се починати 482 лица. Оваа бројка ја објавува американскиот институт „Хелт дата“ (Health data) и ја рангира Македонија на шесто место по смртност на 100 илјади жители во светот.

 

И не само тоа, американскиот институт анализира дека бројката на починати е два пати поголема од објавената или од официјалната бројка за која информираат надлежните во земјата.

 

Значи, Филипче не само што не направи ништо во битката со короната, туку и го крие бројот на починати од корона!

 

Секојдневно има по повеќе од десеттина починати и покрај тоа што бројките на новозаболени се намалуваат.

 

И според „Ворлдометар“ (Worldometers) Македонија на светската листа по број на починати на милион жители е четврта.

 

Сомнежите за работата на Филипче, сомнежот за лажирање на бројка на починати од корона е од американски институт.

 

Филипче кој мисли само на провизии, но не и за здравјето на граѓаните, сега и лаже за бројката на починати.

 

Затоа Филипче ќе одговара! – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.