Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на својот фејсбук профил се огласи за реформите за дигитализација.Лидерот на опозицијата на својот фејсбук профил напиша:

-Не е реформа исфрлање на учебници од употреба, реформа е промена на начинот на размислување, а потоа и на делување.
Дигитализацијата подразбира интеракција, не подразбира креирање на PDF документ и со скролање на глувчето вие да изучувате, наместо да учите од учебник.
Дигитализацијата подразбира посебен софтвер за секој предмет како што е во европските држави, но за жал тоа не е предвидено со оваа т.н. реформа која ја предлага Царовска во образованието.
Испуштивме четири години во кои баш ништо не ни се случи во делот на реформите во образованието, во делот со реформите во здравството, најслабо се снајдовме со пандемијата и тоа ќе бидат тие предизвици со кои ние во 21 век, како генерација на политичари, треба да се справиме.
П.С. Книгите се вечни, власта не е.