Лидерот на Сојузот на Ромите на Македонија Амди Бајрам на ромскиот бал кој се одржа во хотелот Александар Палас и го честита новото име на Македонија. Сепак тој си направи своја комбинација на зборовите. Наместо Република Северна Македонија, пратеникот го честита името Северна Република Македонија. Во видеото кое се појави на социјалните мрежи Бајрам прави аналогија со името на ромската партија.