Евроамбасадорот Дејвид Гир не сака да одговори дали отворањето на бугарски клубови именувани со контроверзни личности е провокација за Македонија. Инцидентите предизвикани од формирањето на здруженијата и клубови со имиња кои низ историјата имале негативно влијание во земјава се чини дека се добар повод да се обвини Македонија дека не ги почитува човековите права. Гир рече дека тој не е компетентен да навлегува во прашања поврзани со историјата, но истовремено кршењето на таблата на здружението Цар Борис во Охрид го нарече инцидент кој ја преминува линијата.

„Јас нема да навлезам во толкување на самата историја. Дозволете ми само да кажам дека оваа земја има добар историјат добро досие што се однесува на односите помеѓу самите заедници кои што живеат во земјата. Всушност, што се однесува на овој посебен инцидент кој што се случи пред неколку дена Министерството за надворешни работи излезе на многу јасен начин, веќе кажа многу јасно дека линијата беше премината во врска со ова прашање“, вели Дејвид Гир.