Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, испрати „Non Paper“ до високите функционери на Европската унија и во која најпрво ги информира за конструктивната улога на Алијансата со поддршка на сите процеси поврзани со интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ со нивното гласање за прифаќање на уставните измени поврзани со Преспанскиот договор.

Претседателот Села изрази загриженост за недостатокот на подготвеност на оваа Влада која не презела доволно мерки за исполнување на барањата на ЕУ за воспоставување на владеењето на правото во сите сегменти на политичкиот живот во северна Македонија.

Претседателот Села во документот „Напади на СДСМ – ДУИ врз владеењето на правото, кршење на европските вредности во име на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ“, истакнува сериозни забелешки на владата на СДСМ – ДУИ, која покажа неуспех во клучните прашања во врска со демократските и процесите за интегрирање на земјата кои се клучни за препораките на ЕУ за добивање на датум за преговори на Северна Македонија со ЕУ:

– одговорноста за нападот на 27 април 2017 во Собранието;
– реформите во судството и проактивни истраги, обвиненија и конечни пресуди во случаи на корупција и организиран криминал, вклучително и високото ниво на криминал откриени од незаконското прислушкување;
– Реформата на службите за разузнавање и безбедност;
– реформа на јавната администрација.

Документот е испратен до:
1. Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, г-ѓа Фредерика Могерини
2. Високиот претставник на ЕУ за проширување. Г-дин Јоханес Хан
3. Министри за надворешни работи за европски прашања на земјите-членки на ЕУ