Алијансата за Албанците и Алтернатива, ја обвинуваат Владата за предизвикување на насилството на протестот кој се одржа вчера за случајот Монструм. Според нив, полицијата со прекршување на законот го ограничила правото на протест, и поради оваа причина министерот и заменик министерот за внатрешни работи треба итно да си дадат оставка.

„Полицијата беше таа што го фрлаше каменот и ја криеше раката, со цел да ја провоцира толпата, што се гледа на снимките по медиумите, и ова зборува за сценарио подготвено од режимот Заев-Ахмети – велат од Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива и бараат ослободување на уапсените и итна оставка на министерот и заменик министерот за внатрешни.

Полицијата објави дека во врска со протестот од вечра, уапсени се 8 лица против кои ќе бидат поднесени кривични пријави за „учество во толпа кои извршиле кривично дело“, притоа додавајќи дека работат на откривањеи на други лица кои учествувале во протестот. Повредени се 11 полицајци, кај кои биле констатирани лесни телесни повреди. Полицијата не им дозволи на демонстрантите да маршираат кон Владата иако тие официјално го најавиле тоа. На некои снимки се гледа како полицајци фрлаат камења кон демонстрантите, додека во првите редови на полицискиот кордон имаше полицајци со калашникови, што е спротивно на Законот за полиција и одредбите за употреба на средства за насилство во ситуации на неутрализација на толпата.