Визирањето на уставните промени во Собранието на РМ во овој момент „виси“. Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ не е подготвена да ги даде своите осум гласа доколку дојде до промени во делот за државјанството.

 

Не отстапуваме од формулацијата околу државјанството-македонско/граѓани на Република Северна Македонија. Тука нема компромис и не прифаќаме никакви ромени, вели за Пресинг Тв, пратеничката Емилија Александрова.

Александрова не беше во можност да потврди или да демантира дали во текот на денот нивната пратеничка група ќе има средба со премиерот Зоран Заев.

Албанската опозициска Беса на Биљал Касами не се согласува во делот на државјанството за Албанците да стои македонско пред граѓани на Република Северна Македонија и бара да се изнајде некаков компромисен модалитет.