Во знак на револт, албанската опозиција денеска нема да поставува пратенички прашања, соопшти пратеникот Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците, на седницата за пратенички прашања.
Албанската опозиција на почетокот реагираше на редоследот на листата на пратеници за поставување на пратенички прашања. Прв реагираше Скендер Реџепи, кој побара пауза за координација околу редоследот. Меѓутоа очигледно ниту таа пауза не помогнала многу.
Во знак на револт, нема да учествуваме на оваа седница, најави Рашиди, на што спикерот Талат Џафери одговори: „Тоа е ваше право“.
Comments are closed for this post.