Најавите за отворање на Уставот и започнувањето на процедурата за измени го зголемија апетитот на партиите на Албанците. Досега речиси сите партии излегоа со свои барања кои се дел однесуваат на измена на Уставот во делот на зголемување на правата на Албанците, а најновото е што се бара и тие да влезат и во Преамбулата.
Тоа вчера за прв пат отворено го најави вицепремиерот за Европски прашања, Бујар Османи. Тој нагласува дека со договорот од Преспа е прецизирање на АСНОМ во Уставот и дека според тоа дека е логично во конститутивните елементи да влезе и Уставот.
Премиерот Зоран Заев, денеска како коментар на најавата коментирајќи ја изјавата на Бујар Османи нагласи дека ова прашање е затворено уште во 2001 година и дека нема потреба за менување на Преамбулата.
-Јас ги разбирам потребите на луѓето да отворат дебата, да дадат предлози посебно креативноста на опозицијата и слично, но на крајот знам дека никој нема право и нема да направи каква било условеност на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Веројатно нема да дозволиме ширење на Пандорината кутија.
Со последните измени на Преамбулата од 2001 година Албанците во Македонија се спомнати како дел од Албанскиот народ заедно со турскиот влашкиот, ромскиот, српскиот и бошњачкиот.
Свои барања за менување на Уставот има и БЕСА.Потпретседателот на партијата, Кастриот Реџепи во интервју за Пресинг Тв објасни дека кога веќе и онака се отвора Уставот поради договорот со Грција, треба да се вметнат и нивните барања.
БЕСА бара концепт на граѓанска држава, албанскиот да биде рамноправен со македонскиот јазик, државата да се грижи за сите нејзини граѓани во дијаспората, а претседателот на државата, по второ гласање на закон или друг акт во Собранието, да нема право на вето, како што беше случај со законот за употреба на јазиците.
Comments are closed for this post.