За законите за матична евиденција и за родова еднаквост, претседателот на Собранието вели дека такви кавкви што се нема да добијат поддршка од него како пратеник на ДУИ. Секогаш пред да поднесат некој закон им укажувам на пратениците дека треба да го погледнат членот 135 од Деловникот и да направат проценка што би можело да предизвика нивниот предлог во јавноста.

-Ова не е само закон, вели тој и додава, и ако е за Европа, ова е последното нешто што треба да се направи за Европа.

Со законското решение за измени на матичната евиденција неколку пратенички од ДОМ и СДСМ предлагаат секој граѓанин со наполнети 18 години, кој е деловно способен, и кој не е во брак да има право на правно признавање на родот. Тоа би се правело со поднеување на барање што би се пополнило на нотар.