НАТО е најдолговечниот воен сојуз во историјата“, изјави американската амбасадорка во НАТО, Кеј Бејли Хатчисон спроти прославата на 70-годишнината од основањето на Северноатлантскиот пакт во Вашингтон.

Американската амбасадорка, меѓу другото, оцени и дека 70 години е навистина долг период, „мошне долг кога се работи за една воена алијанса“.

Само пред неколку дена, на 28 март, на конференцијата насловена како „Градење на вредносен и безбедносен систем: Услов за интеграција во НАТО“, што во организација на Центарот за стратегиски истражувња „Ксенте Богоев“ се одржа во Академијата на науките и уметностите на Северна Република Македонија-МАНУ, акадмикот Владо Камбовски ја промовираше идејата дека за членството на Македонија во НАТО е доволна одлука на Собранието за ратификација на Вашингтонскиот договор, но не и референдум, како што, според правните експерти, предвидува Уставот на државата.

Уставот не предвидува никаква друга процедура, не предвидува никаков референдум, бидејќи НАТО не е сојуз на држави, туку во себе обединува врз принципи на координација и интероперабилност и зачувување на суверенитетот на секоја држава. Уставот предвидува референдум само ако се работи за пристап кон сојуз на држави ако притоа значи пренесување на одредени суверени надлежности и права на државата на некои супранационални или заеднички институции, што во случајов не е така, изјави академик Камбовски.