За тоа кои споменици ќе бидат преименувани и означени како споменици кои се дел од грчката историја, портпаролот на Владата вели дека процесот е во тек и дека Комисија ќе утврди кои се тие споменици.

Процесот е во тек. Рокот е шест месеци во согласност со Преспанскиот договор. Комисија ќе утврди кои се тие споменици. Јасно е некои се во центарот на Скопје. Тоа што тие го нарекуваат „Воинот на Коњ“ јасно ни е на сите дека тоа е Александар Македонски. Тоа што всушност е. Листата се уште ја немаме, да кажеме кои споменици се. Во истиот момент кога комисијата ќе ја заврши работата,целата листа на споменици кои ќе добијат натпис дека се дел од хеленската историска цивилизација, наследство на целиот свет ќе ја објавиме“, рече Бошњаковски.