Компаративната анализа покажува дека при комбинирање, предметниот пристап е зачуван како базичен. Како интегрирана настава да се поврзе со предметна настава? Иако има комбиниран модел за мултидисциплинарно знаење и способности во сите национални планови што ги прегледав останува предметниот пристап со 16 задолжителни предмети и изборни предмети. Во сите тие системи, словенечки, бугарски, естонски, фински, во сите нив се задржани како базични историја, географија, физика и хемија. Во Велика Британија во 1960 година предметот историја исчезна од наставниот план, а после 30 години се врати во наставниот план, изјави Камбовски, додавајќи дека Британците се решиле на ваков чекор бидејќи историјата им помогнала на учениците за разбирање на минатото, да размислуваат критички, да трагаат по докази, да го осознаат процесот на промени, изјави академикот Владо Камбовски на јавната расправа во Собранието за новата концепција за основното образование.