Сите се во очекување на веста што лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе ја објави утре. Ова е добро испробан рецепт на најдолговечниот лидер на партија во Македонија за да го предизвика вниманието на јавноста.
Во политичките кругови се коментира Ахмети размислува да го најави своето политичко заминување од лидерското место во ДУИ. Како причина ќе наведе дека по две децении време е да го отстапи на помладите.
Тој има најголема доверба во Артан Груби и за очекување е дека за лидер би дошол некој во кого Ахмети и Груби имаат најголема доверба.
Но, вистиниската прична би можело да биде тоа што Али Ахмети наскоро би можел да замине на подолготраен престој во Хашкиот Трибунал. Ахмети веќе беше на сослулување кај истражители од Хаг во Приштина. Тогаш беше објавено дека тој таму заминал како сведок но по примерот на Рамуш Харадинај и Хашим Тачи краток е патот од сведок до станар во затворот во Шевенинген.
Другата можност е Ахмети да најави дека со својот коалициски партнер СДСМ ќе имаат заеднички кандидат за градоначалник на Скопје.Ова би било повторување на кампањата „Псе Јо“ на последните парламентарни избори кога ДУИ рече дека услов за да влезат во владата е премиерот да биде Албанец.
Имаa избрано и конкретен иден премиер-Насер Зибери но подоцна се задоволија со првото вицепремиерско место во владата каде влезе кој друг ако не Артан Груби.
Ахмети важи за политичар со најдолг стаж. Јавноста го запозна како водач на паравоената ОНА во воениот конфликт а во политиката ги надживеа Бранко Црвенковски, Никола Груевски а сигурно и Зоран Заев.
Comments are closed for this post.