Лидерот на ДУИ,Али Ахмети во Собранието се сретна со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Европа, Пол Макарти и резидентниот директор на програмата Овен Паун.

Ахмети како што соопштуваат од партијата ја истакнал потребата за ветинг, како форма на проверка на носителите на јавни функции во земјата за да се придонесе во владеењето на правото, неселективната правда, борбата против корупцијата, поголема транспарентност  и да се спречат шпекулациите и клеветите.  

Макарти истакнал дека ќе ја продолжи успешната соработка со ДУИ, при што ги презентирал програмите за развој на аналитичките центри на политичките партии, комуникацијата, транспарентноста и борбата против корупцијата. 

Благодарност за поддршката изразил Ахмети што Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и ја нуди на ДУИ и на граѓаните, во насока на зајакнување на капацитетите за борба против криминалот и корупцијата со цел создавање на издржлива база за новите генерации. 

Ахмети ја истакнал и потребата за отстранување на предрасудите кои постојат во нашето општетсво, тој истакна дека ова држава е заедничка и дека иднината треба да се изгради заедно.