Денот започна како зима, тоа е политичката зима во Македонија, мислам дека ќе заврши со сонце“, изјави од ОУ „Коле Неделковски” во Скопје по гласњето во вториот круг кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова.

„Очекувам излезност и победа по вториот круг, бидејќи средбите со граѓаните накои требаше да им се разјаснат дилемите зошто да излезат и гласаат успешно го завршив“, посочи кандидатката за претседател подржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Давкова одговарајќи на прашањето дали ќе го користи новото име на државата, рече дека доколку победи ќе го почитува официјалното име, но лично нема да го користи и во иднина ќе направи сè за да докаже две работи, дека процедурата и Договорот од Преспа имаат сериозни проблеми со назионалните и меѓународни закони.

„Но, како професор по уставно право го знам значењето на латинскиот израз „Синтагма пакта сун серванта“ (договорите мора да се чуваат) , тоа значи е легален пакт и ќе го почитувам тоа, но лично не, бидејќи принципот на самоопределување може да се користи не само во колективната свест туку и лично и јас нема да го користам новото име“, потенцираше Сиљановска Давкова.