По усвојувањето на Резолуцијата во германскиот Бундестаг во бугарските медиуми се јави нивниот европратеник Андреј Ковачев, кој одново ја промовираше великобугарската хегемонистичка и шовинистичка политика кон Република Македонија и Македонците. Тој отворено ја манифестираше бугарската теза за еден народ во две држави и за постоење на Македонците од 1944 година.

Ковачев „великодушно“ изјави дека „Бугарија и Македонија требало да си помагаат како што тоа го прават Романија и Молдавија, како што тоа го прави Грција со Кипар“, притоа  алудирајќи на истиот јазик и идентитет меѓу Романците и Молдавците и Грците со кипарските Грци, односно на шовинистичката теза за еден народ во две држави.

Навредувајќи ги и омаложувајќи ги етничките Македонци, Ковачев додаде дека „германскиот парламент, на барање на премиерот во Скопје, усвои резолуција со цел да и помогне на Република Македонија да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ“.

Тој вели дека е чудно што од Македонија бараат друга држава со парламенмтарна одлука да признае дека постојат македонскиот јазик, култура и идентитет.

-Не сум слушнал за друга слична појава на нашата планета, каде што една земја е толку несигурна по својот идентитет, јазик и култура што мора да бара од друга земја со политичка одлука на законодавно тело да ги признае јазикот, културата и идентитетот, вели Ковачев.

И во веќе познат бугарски шовинистички стил стил ја повтори тезата за постоење и признавање на Македонците од 1944 година.

-Нашите колеги, соседи и пријатели во Скопје не треба да се грижат дали имаат модерен идентитет, јазик и култура, но разбирам дека тие сакаат да покажат некаков историски континуитет или историски континуитет, што се разликува од бугарскиот. оа е коренот на нашиот проблем, оттаму доаѓа дискриминацијата и говорот на омраза и сите проблеми од кои дојдовме. Тоа не се билатерални проблеми, тоа се проблеми поврзани со основните човекови права и европските вредности, изјави бугарскиот европратеник.

Ковачев уште еднаш ги повика и владејачката партија и опозицијата во РСМ да покажат храброст и да не го продолжуваат моментумот од времето на Титова Југославија.

-Да си помагаме, што побрзо да бидеме заедно во ЕУ, како што тоа го прават Романија и Молдавија, како што тоа го прави Грција со Кипар, вели Ковачев.

Тој истовремено им се заблагодари на, како што вели, „моите колеги од Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија во Бундестагот, што не ја поддржаа оваа социјалистичка резолуција и со тоа не придонесоа за дополнително усложнување на нашите односи. Сите ние – ЦДУ, ЦСУ и ние во Бугарија сакаме преговорите да започнат што побрзо и да се надминат сите пречки“.