Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите, по излегувањето од Собранието, истакна дека имаат мнозинство кое гарантира дека оваа Влада, предводена од СДСМ, е мината.

„Ја очекуваме оставката на Зоран Заев која што ја најави, доколку тоа не се случи ќе поднесеме постапка преку која ќе се изгласа недоверба на Влада, која ја предводи Зоран Заев“, истакна Мицкоски.