Преговорите на ВМРО-ДПМНЕ и опозициските партии за создавање ново парламентарно мнозинство завршија успешно. Веста за новиот распоред на силите во Собранието ја објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство – објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во објавата за новото парламентарно мнозинство, Мицкоски објави фотографии од средбата на која покрај досегашните коалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива, учествувале и политичките партии Левица и Беса.