Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека пакетот на мерки против КОВИД е задоцнет и неефикасен.

-Каква влада, такви мерки против КОВИД, неефикасни и дискриминаторски. Сега Заев и Филипче се занимаваат со последиците од короната, а причините за ова денес е целосното игнорирање на проблемот и ненавремената имунизација. Трката по провизии, наместо трка по вакцини придонесе Македонија денес да собори уште еден неславен рекорд а тоа е на врвот на листата на заразени. ВМРО-ДПМНЕ апелира на вакцинација, но го почитуваме правото на останатите кои мислат спротивно и владата нема право да го ограничува нивното право и слобода на избор, стои во соопштението на партијата.

Оттаму посочуваат дека Владата нема да може да ги спроведува нејзините мерки еднакво. За едни тие ќе важат, за други не.

Народот не треба да се плаши, и повторно корона кризата да се претвора во ПР војна на влевање на страв, туку на разумни одлуки кои ќе дадат резултати. Потребни се стимулативни мерки, а не казни, се наведува во соопштението.