Нова четврта жртва од грип во земјава. На Клиниката за детски болести почина 12 годишно девојче, кое како што известија од Институтот за јавно здравје, не ги издржало компликациите од грипот. Девојчето имало церебрална парализа.
Детето пред четири дена било примено на Клиниката.
Оваа недела и 86 годишен човек почина од грип. Тој немал претходни заболувања, но грипот кај поврзасните пациенти се ризични.
Од Институтот за јавно здравје информираат дека се регистрирани 3.209 заболени од грип, што е за девет отсто зголемување споредено со минатата недела кога беа регистрирани 2.943 заболени од грип.
Comments are closed for this post.