Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека не би сакал предвреме да зборува дали Собранието би се состанало повторно по распуштањето доколку Шпанија го ратификува Протоколот за членство во НАТО. Станува збор за техника, вели тој, и не е политичко прашање или проблем.

-Можеме, предлагам да не навлегуваме во понатамошни правни експликации кој е поголем правник и кој е поголем правен познавач. Предлагам ако дојде до таа ситуација, мое предвидување е дека нема да се случи таа ситуација, меѓутоа дај Боже да се случи па, да разговараме за една убава работа – дали ќе се собираме повторно за да ратификуваме, но и да не се собираме, важно е дека во тој момент 29 земји членки на НАТО Алијансата веќе ќе имаат кажано „да“. Тоа ќе биде само техника дали ќе се случи овој ден или следната недела, што не мислам дека тоа е големо политичко прашање, а уште помалку политички проблем, истакна претседателот Пендаровски.