Претседателот Стево Пендаровски најави дека следната година ќе присуствува на прославата на борбата против фашизмот во Москва на 9 Мај. Ова тој го најави по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Париз. Поканата до Пендаровски доаѓа директно од претседателот на Русија, Владимир Путин.

Еден од главните принципи на нашата држава е борбата против фашизмот. Значи, секако ќе бидам таму, изјави Пендаровски по средбата со Лавров.

Ова ќе биде прва посета на Москва на актуелниот претседател. За честите посети на Русија, медиумите блиски до СДСМ остро го напаѓаа поранешниот шеф на државата Иванов.

Тој во својот мандат неколкупати присуствуваше во Москва на парадата по повод Денот на победата над фашизмот, имаше средба со Путин, а прими и награда „Алексеј Втори“ од страна на рускиот патријарх Кирил.