– Нема повредени лица во пожарот што избувна денеска во автобус на ЈСП „Скопје“  без патници, кој сообраќал на Средно Водно.  

Пожарот е изгаснат со интервенција на две возила и седум пожарникари од  Скопската бригада за противпожарна заштита, а благодание брзата реакција  и присебноста на возачот кој го паркирал на соодветно место, пожарот не се проширил во околината. 

Фото: МИА