Иако со години се најавуваше темелна реконструкција на луксузната вила на Цеца Ражнатовиќ на Кипар, градежните работи сè уште не започнале. Секоја посета на пејачката на нејзиниот имот во Аја Напа повторно ги поттикнува шпекулациите дека обновата конечно ќе стартува, но засега сè останува само на најави.
Цеца донесе одлука целосно да го преуреди својот летен дом, каде што традиционално ги минува одморите со семејството и блиските пријатели. За реализација на проектотбила ангажирана компанијата на нејзината кума, пејачката Вики Миљковиќ, чиј тим архитекти и дизајнери изработил современо идејно решение.

Планот предвидувал вилата да добие целосно нов изглед, со модерна архитектура, големи стаклени површини, отворени простори и ентериер што ќе ги спои луксузниот и медитеранскиот стил. Во јавноста се појавија и информации дека како опција било разгледувано уривање на постојниот објект и изградба на нова, поголема и посовремена вила.

Сепак, и покрај бројните најави, реконструкцијата досега не е реализирана. Фотографиите што ги објавија српските медиуми покажуваат дека на имотот нема видливи градежни активности, па останува неизвесно дали проектот ќе биде реализиран во блиска иднина или повторно ќе остане само во фаза на планови.







Comments are closed for this post.