Турски навивач на Бешикташ реши да ја зголеми понудата на својот сакан клуб за Мохамед Салах, па доколку легендарниот египетски фудбалер потпише договор со црно-белите, ќе заработува 10.000.000 евра годишно и половина тон лубеници. Секако е јасно дека ова е симпатичен обид на Турците да го намамат Мохамед Салах во таборот на Бешикташ.
Големото прашање е дали нивната „измама“ со лубениците ќе успее. Проблемот се финансиите, бидејќи агентот на египетскиот фудбалер бара огромна провизија за потпишување на договорот со својот клиент.







Comments are closed for this post.