Заврши 72 издание на Канскиот филмски фестивал со едногласна одлука – Златната палма ја доби филмот на јужнокорејскиот режисер Бонг Јон-хо за неговиот политички трилер „Паразит“.

Мати Диоп ја доби Гранд при наградата за дебитантскиот филм „Атлантик“. Таа е прва жена филм мејкер цркиња која влегла во официјалната конкуренција за награда. Филмот е за бегалската криза низ очите на една жена раздвоена од нејизниот љубовник.

Наградата за најдобар актер му е доделана на Антонио Бандерас со што ја одбележа својата 40-годишна богата кариера. Тој ја игра главната улога во полуавтобиографскиот филм на Педро Алмодовар „Болка и слава“.

„Луѓето мислат дека ние живееме на црвен тепих, но тоа не е точно. Доста страдаме, се жртвуваме и има многу болка зад секој актер“, рече Бандерас и додаде:„Исто така има и слава, а оваа ноќ е ноќ на мојата слава“ и вети дека „најдоброро допрва доаѓа“.

Канските фаворити Жан-Пјер и Лук Дарден, кои Златната палма ја освоја претходно двапати, како и две други награди, ја добија наградата за најдобра режија за филмот „Младиот Ахмет“, портрет за муслимански тинејџер кој живее во современа Белгија и кој се обидува да го убие неговиот наставник откако мозокот му е испран од радикален имам.

Улогата за најдобра актерка ја доби Емили Бичам за улогата во „Малата Џо“, приказна за еден научник кој се занимава со ефектите од генетски модофицираните растенија.

Златната камера ја доби режисерот од Гватемала, Цезар Дијаз, за филмот „Нашите мајки“.