Ако се гледа според сегашните температури, се чини невозможно, но американски експерт за времето тврди дека на Европа и претстои вистинско лето па дури и хорор температури!

Оваа прогноза ја испраќа приватниот метео сервис Акуведер. Во куси црти сценариото за ова лето е – екстремно жешко, дури и посува од ланското, максимлана опасност за шумски пожари од Шпанија до Германија.

„Во Европа ќе има зачестени топшлотни бранови, повеќе отколку во 2018. Температурите ќе достигнуваат меѓу 38 и 40 Целзиусови степени. Во Шпанија и во Португалијна тие же бидат 43“, изјави Доминик Јунг, експерт за времето.

Американскиот експерт предвидува големи шумски пожари во многу европски држави, а страшни бури се очекуваат на Балканот. На графикот се гледа дека Баканот, а и Македонија се токму во епицентарот на климатските удари обоени во црвено, Тоа значи екстремни температури и услови за шумски пожари, но и чести бури кои можат да предизвикаат катасртофални последици.

А топлиот бран веќе удри во Изрѐел и на Кипар, каде невообичаено за овој период од годината температурите веќе достигнаа до 40.степен во сенка. Во четвртокот голем пожар уништи 40 куќи во Израел.