Порталот „Холивуд лајф“ ја оцени улогата на Џенифер Лопез како стриптизетка во „Измамничките од Волстрит“, како потврда за нејзината „најдобра година досега“.
Повикувајќи се на извор близок до глумицата, порталот наведува дека таа се надева и на Оскарот.
– Секој филм за кој сум потпишала и секоја улога што сум ја одбрала, беше во насока на тоа да се истражува себеси како уметница, како глумица која го сака животот, луѓето и сѐ тоа, изјави популарната Џеј Ло во една неодамнешна прилика.
Џенифер Лопез глуми стриптизета која како водач на криминална женска група, дрогирала и ограбувала богати машки клиенти од Њујорк. Филмот е заснован на вистинската приказна на Саманта Барбаш, која и ги призна злосторствата
Comments are closed for this post.