Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски се извини после скандалот кој изби откако беше објавена негова фотографија на која се чини дека тој покажува двоглав орел. Фотографијата од снимањето на ТЛЗП ја испровоција домашната, но и српската јавност каде се снима оваа емисија.

Пејачот се извини и истакна дека само ги покажувал налакираните нокти, а не симболот, како и дека му е жал што настанала ваква ситуација.

И се извинувам на цела Србија и на сите нејзини граѓани кои се повредени од мојот гест. Тоа не ми беше намерата. Случајно ги ставив рацете така и испадна дека ја поддржувам „голема Албанија“. Ја сакам Србија, тоа е земјата во која се прославив и имам многу пријатели. Сите кои ме познаваат знаат дека сум последниот човек кој би поддржал такво нешто. На моите настапи и во јавност повеќе пати давав поддршка и кревав српско знаме, а со истото и се фотографирав. Горд сум поради тоа. Срам ми е што дозволив да бидам изманипулиран и фотографиран така што испаѓа дека промовирам омраза. Јас сум патриот и православец и мислам дека Србите и Македонците се два најблиски народи на Балканот, вели Кајмакоски.